Косовскиот премиер Албин Курти побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија за да бидат отстранети воените бази околу Косово.
Во интервју за Си-ен-ен, тој рече дека Србија е „многу агресивен сосед“ и дека „чека можност да влезе во Косово“, а тоа треба да го спречат западните партнери, пренесе Нова.рс.
„Околу границата има 48 оперативни бази кои чекаат можност. Она што го бараме од западните партнери е притисок врз Белград да ги повлече овие бази, од кои секоја има по 50-150 војници“, рече Курти.
Тој оцени дека Србија и Русија се слични поради заедничкиот интерес и желбата да ги прошират своите територии.