Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово

kurti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во деверниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел.

Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за конкретни чекори во таа насока.


Како прв чекор тој наведува дека Приштина е подготвена да се заложи за намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, како што наведе, „постепено и пропорционално со намалувањето на насилството“.

Вториот чекор што го презентира Курти е целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесот од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права.

Како трет чекор, тој ги споменува предвремените избори во четири општини на северот на Република Косово, кои би се одржале по петицијата за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело. Откако ќе потврди дека се исполнети условите, датумот на изборите ќе го одреди претседателот.

Како четврти чекор Курти наведува дека четворицата градоначалници на северот на Република Косово ќе ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по верификацијата од ЦИК, во согласност со законодавството на Косово.

Курти понатаму наведува дека од Белград очекува четири чекори, од кои првиот е повлекување, како што наведува, на „насилните демонстранти“ од општинските згради и околината.

Како втор чекор што го очекува од Белград, Курти ја нагласува посветеноста на соработка во судските постапки против сторителите, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење.
Како трет чекор, Курти очекува Белград да ја намали подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, без нови распоредувања на војници и отстранување на 48 оперативни бази.

Како четврти чекор, Курти наведува дека Белград не треба да се меша во правото на Србите и на сите политички партии да учествуваат слободно, без, како што наведува, „какво било заплашување, принуда или коруптивно влијание“, во процесот на локалните избори на Косово.

Курти додава дека Белград и Приштина мора да се обврзат целосно да ги почитуваат правилата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и усогласеноста со законодавството на ЕУ за регионална слободна трговија во согласност со постигнатите договори.

Тој наведува и дека Приштина е посветена на интензивен дијалог за целосно, безусловно, избалансирано и правилно спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK