Курти: Да ја деескалираме ситуацијата на терен, потребни се предвремени избори на северот на Косово

kurti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се наоѓаме во едно проблематично време, но со основниот договор со Србија за којшто се согласивме за нормализација којашто е фактички фокусирана на заемно и меѓусебно признавање, се надевам дека ќе можеме да ги нормализираме односите и да ја деескалираме ситуацијата на терен, порача денеска од Струга во рамки на Преспа форумот косовскиот премиер Албин Курти.

Во врска со ситуацијата на северот на Косово со четирите општини со мнозинско српско население, Курти рече дека се потребни предвремени избори.


– Давам великодушна понуда четирите градоначалници на север нема да мора да го завршат својот двогодишен мандат до 2025 година, можеме порано да имаме предвремени избори, но мораме да ја подготвиме ситуацијата на терен и тоа значи владеење на правото. Јас нема да ја предадам демократската република на фашистичките ентитети и на криминалните банди, изјави Курти.

Тој додаде дека општинските згради во четирите северни оптшини и припаѓаат на Република Косово.

– Немам намера да ги контролирам српските заедници, ниту пак општините, но со рачни бомби, со куршуми и со шок бомби не може да се заземе положба на гадоначални, кажа косовскиот премиер.

За Курти, сите поранешни југословенски република прогласија независност и тоа, вели, беше независност од Белград.

– Сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора, зашто Србија де јуре ја признава нивната независност, но тоа не го прави де факто, оцени Курти.

Во врска со тројцата уапсени косовски полицајци во Србија, тој го повтори тврдењето дека тие биле „грабнати на територијата на Косово“.

– Сакам да се заблагодарам на Стејт департментот за тоа што побараа веднаш ослободување на тројцата косовски полицајци и ова е начнот на кој треба да продлжиме. Потребно е да се вратат овие полицајци, но исто така потребно ни е меѓународната заедница силно и јасно да ја осуди агресијата на Србија кон Косово, бидејќи со киднапирањето на нашите тројца полицајци, Србија исто така го наруши член 4 од воено-техничката Спогодба од Куманово од 1999, и мислам дека НАТО треба да го осуди прекршувањето на Кумановскиот договор од страна на Србија, рече Курти.

Според него, за безбедност и сигурност на Балканот многу е важно да се прекине, како што рече, „овој статус на српската армија околу границата и во исто време да се осуди оваа агресија и да се смета како прекршување на Кумановскиот договор“.

Косовската полиција во средата објави дека тројца нејзини припадници биле киднапирани од маскирани лица од Србија, на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница.. Белград, пак, тврди дека косовските полицајци се уапсени на српска територија, откако навлегле длабоко во централна Србија, а српски медиуми објавија и фотографии од апсењето на униформирани лица кои се наводно косовски полицајци.

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) денеска соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

Во врска со регионалната соработка, Курти од Струга рече дека за него подобра платформа од Берлинскиот процес нема.

– За мене Берлинскиот процес е регионална соработка. Нема подобра платформа не поддржувам регионални иницијативи, кои се без европски вредности и без европски механизми. Берлинскот процес ги содржи овие две и со нетрпение очекувам да го надградиме Берлинскиот процес и да стане нешто налик на ЦЕФТА., рече Курти.

За него, ЕУ треба да го продолжи процесот на проширување и тоа треба да оди паралелно со внатрешната консолидација во самата Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK