Крифца: Извозот на земјоделски производи до 2030 година ќе достигне милијара долари

krifca
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанското Министерство за земјоделство и рурален развој е на пат да ја постигне целта- приходи од милијарда долари од  извоз на земјоделски производи до 2030 година, изјави за АТА министерката за земјоделство и рурален развој Фрида Крифца.

-Доверба за постигнување на таа цел даваат охрабрувачкиот обем на извозот минатата година, кој изнесуваше 500 милиони евра и поддршката за земјоделците и инвестициите во земјоделството, објасни таа.


Крифца за АТА изјави дека „доколку се потврди зголемувањето од 12 отсто во првите 4 месеци од 2023 година, до крајот на годината извозот на Албанија ќе биде за 60-70 милиони евра повеќе и практично ќе достигне 600 милиони евра во 2023 година.

Покрај извозот, посочи таа, продолжува да расте покриеноста на пазарот со локални производи, што е за 2,5 пати повеќе од досега.

Според официјалната статистика, извозот на земјоделски производи за четирите месеци од  годинава бележи консолидиран нагорен тренд.

Во првите 4 месеци вредноста на извозот на овошје е зголемена за 17,1 отато, а на зеленчукот за 36,3 отсто. За истиот период, намалувањето на увозот на овошје и зеленчук е 22,5% по количина и 11,5% во вредност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK