Компанија Chips Way: Чипсот е уништен бил наменет само за еден клиент во Хрватска

cips_23234324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Српската компанија – Chips Way – /Чачак/, денеска соопшти дека целата пратка на нејзиниот чипс со вкус на пиперка, што била испратена до компанија во Хрватска, е уништена како мерка на претпазливост бидејќи анализата покажала дека нивото на канцерогената супстанција акриламид е повисоко од дозволеното.

Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.


„Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“, се наведува во соопштението.

Компанијата изјави дека врши редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано е предмет на контрола на надлежните органи.

Европскиот систем за брзо предупредување (RASFF) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е производителот Chips Way.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK