Кока-кола, Фанта и Спрајт повлечени од пазарот во БиХ

koka-kola-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалоци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.


Станува збор за производите на Кока-кола, Фанта и Спрајт, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliks.ba.

Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 04.12.2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.

Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK