Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа кај Меткович во Хрватска, а според официјалните информации е почувствуван и во областа Неум како и во Херцеговина.
Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот се случил на 48 километри јужно од Мостар, односно 13 километри јужно од Меткович во Хрватска.
Според граѓаните кои живеат во оваа област, земјотресот бил почувствуван неколку секунди.
„Силно и кратко“, „Прво се слушна благо тресење, па добро се затресе“, „Се тресеше 5-6 секунди“, се само дел од коментарите, пренесе „Клих.ба“.
Според информации од граѓани, земјотресот бил почувствуван и во други делови на Херцеговина.
„Имаше многу силно тресење, како силен удар. Засега се е во ред“, вели еден од граѓаните.
Официјалните податоци покажуваат дека земјотресот се случил на длабочина од шест километри, а засега нема информации за материјална штета.