Задолжителен услов, од кој Бугарија нема да отстапи, е вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на Република Македонија. Ова му го посочи потпретседателката Илијана Јотова на Кристијан Даниелсон, државен секретар за прашања на Европската унија на Кралството Шведска, соопшти прес-службата на шефот на државата. Меѓу главните теми на разговорот меѓу двајцата соговорници на „Дондуков“ 2 беше и проширувањето на Европската унија.
„Очекуваме Скопје реално да го спроведе Договорот за добрососедство, како и двата заеднички протоколи. Темелна вредност на Европската Унија е почитувањето на човековите права. Таму каде што не се заштитени човековите права, нема Европска Унија“, рече Јотова.
Даниелсон се заблагодари за поддршката на Бугарија за време на минатото шведско претседавање со Советот на ЕУ, како и за членството на Шведска во НАТО, додаваат од прес-службата.
„Се надеваме на позитивен развој на есен во однос на приемот на Бугарија во Шенген. Мојата земја одамна ги исполни критериумите за членство, таа е сигурна надворешна граница на Европската унија“, рече потпретседателката Јотова и посочи дека Бугарија се потпира на поддршката на Шведска.
„По оставката на премиерот Марк Руте, не знаеме каков ќе биде ставот на Холандија“, посочи таа.
Со 526 гласа „за“, 57 „против“ и 42 воздржани, Европскиот парламент денеска во Стразбур гласаше за поддршка на новиот повик за прием на Бугарија и Романија во Шенген. Ова е вторпат европратениците да инсистираат Советот на ЕУ да постигне едногласност, откако во 2011 година беше објавена подготвеноста на двете земји.