Иако Владата на Косово предупреди дека косовските институции донеле одлука да забранат влез на возила со српски регистерски таблички на територијата на државата, според информациите од терен, автомобилскиот сообраќај продолжува. Но, сите автомобили со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли, јави РСЕ.
Владата на Косово синоќаобјави дека по „киднапирањето на тројца косовски полицајци од страна на српските сили“, институциите одлучиле да забранат влез на возила со регистарски таблички на Република Србија.
Тоа за Радио Слободна Европа го потврди владиниот портпарол Прпарим Круезиу, кој рече дека по последните настани косовските институции донеле одлука за зголемување на нивото на граничната контрола.
„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на граничните контроли.Затоа како итен чекор е одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, додека анализата на состојбата од страна на безбедносните институции продолжува. Следните активности ќе бидат преземени врз основа на препорака на институциите за спроведување на законот“, рече Круезиу.
Таа одлука на Владата на Косово стапува во сила веднаш.
Во групи на социјалните мрежи, дел од српската заедница известуваат дека без проблем го минуваат граничниот премин со таблички издадени од српските власти, наведе медиумот.