Хрватскиот министер за одбрана доживеа тешка несреќа – во болница е, едно лице почина

Хрватскиот-министер-за-одбрана-доживеа-тешка-несреќа-–-во-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ, утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот управувал со лично возило кое налетало на комбе. Загинал возачот на комбето.


Како што потврди за веб-страницата „Телеграм“ началникот на полициската управа Вуковар-Срем Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, во правец кон Жупања.

– Марио Баножиќ е пренесен во болница – изјави Капулар.

Од жупаниската општа болница Винковци за „Телеграм“ потврдија дека утрово во таа болница бил донесен министерот Баножиќ.

– На одделот за интензивна нега е примен во 8 часот и 30 минути – соопштија од болницата.

Делницата од патот е затворена за сообраќај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK