Забележлива е помала консумација на Кока-Кола и другите газирани пијалaци во рестораните и кафулињата, откако се појавија сомнежи за труење со пијалaци од асортиманот на таа компанија, изјави за Хина, Јелена Табак, претседател на здружението на туристичката индустрија на Хрватската стопанска комора.
Угостителското здружение ХГК го дели мислењето дека најважно во однос на труењето е дека нема повеќе случаи или опасности по здравјето на луѓето, а секако забележливо е дека има намалувањето во побарувачката на пијалоци Кока Кола во угостителството, вели Табак, и самата угостителка, пренесуваат хрватските медиуми.
„Она што го знаеме е дека откако се потврдени труењата, никој повеќе не пие Кока-Кола и нејзините производи, а има намалување и на сите други газирани пијалоци“, додава таа.
Кога станува збор за учеството на овие пијалаци во бизнисот, не дава проценки за кафулињата, а за рестораните вели дека овој удел е до пет отсто од приходите.
Смета дека рестораните полесно ќе ја надминат состојбата со намалената побарувачка на газирани пијалоци, бидејќи храната и виното го сочинуваат најголемиот дел од нивната понуда, а потешко ќе им биде на кафулињата, диско клубовите и ноќните барови, бидејќи газираните пијалоците се пијат сами, но се користат и за коктели и мешани пијалоци.