Хрватски сабор со декларација го призна Холодомор како геноцид

parlament-hrvatska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот парламент едногласно ја изгласа Декларацијата за признавање на Холодомор (Гладомор) како геноцид врз украинскиот народ, а претседателот на Украина Володимир Зеленски одговори со благодарност на социјалните мрежи.

Гласањето на Декларацијата од собраниската галерија го следеше и украинскиот амбасадор во Хрватска Васиљ Кирилич.


Со декларацијата Холодомор се признава како злосторство врз украинскиот народ поради присилниот глад што е смислено и организирано од комунистичкиот сталинистички режим во Украина во периодот 1932-1933 година.

Претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ на Украинците им го честиташе Денот на Уставот на Украина.

Зеленски на социјалните мрежи се заблагодари на Собранието.

-Благодарен сум на Република Хрватска за ова историско гласање. Светот не смее да се помири со злосторствата на Кремљ, ниту историски, ниту актуелни, напиша Зеленски на Твитер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK