Државниот инспекторат на Република Хрватска ги повика купувачите да го вратат производот куркума во прав „Халди“ од 100 грама, со потекло од Индија.
Причината за повлекувањето на производот е поради покаченото ниво на пестицидот хлорпирифос.
Според хрватскиот инспекторат, производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата за максималните нивоа на остатоци од пестициди во или на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло и со измената на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ.
За заштита на потрошувачите, инспекторатот соопшти дека „куркумата се повлекува“ и ги повика купувачите да не го консумираат овој производ со рок на траење до 28.02.2024 година и да го вратат во продавница за да добијат рефундирање на средствата, пренесува „Index.hr“.
Станува збор за куркума во прав „Haldi“, трговско име „TRS Asia’s Finest Foods“ со потекло од Индија.