Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати


Screenshot-2025-10-19-110142.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.


Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.

Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.

View this post on Instagram

A post shared by Regionalna informativna novinska agencija (RINA) (@_rina.rs)

Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK