Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа

hgk-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис.

Тој бара партнери за проектот, кој вклучува привремено носење деца во Европската унија, и за Ројтерс изјави дека оваа недела разговарал за идејата со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа.

„Мораме јасно да се соочиме со оваа трагедија“, рече Герапетритис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK