Во Грција беснеат пожари во регионот Еврос на северот од земјата, а особено голем пожар има во близина на шумата во Дадија кој се уште не е ставен под контрола, пренесува Танјуг.
Во неделата попладне беше наредена евакуација за Лефкимија и Каситери.
Во Лефкимија пожарот се приближил до првите куќи, но бил спречен од пожарникари и доброволци.
Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кај Дадија за да не се прошири во шумата.
Министрите денеска ќе ги посетат погодените подрачја на Еврос, а ќе започне и поднесување барања за парична помош за граѓаните кои претрпеа штети во пожарите, соопшти ЕРТ.
Портпаролот на противпожарната бригада Јанис Артопиос изјави дека е отворена истрага за можноста пожарите во областа Еврос да се подметнати.