Грчко МНР за годишнината од турската инвазија на Кипар: Решавањето на кипарското прашање врвен национален приоритет

grcko mnr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За Грција решавањето на кипарското прашање е врвен национален приоритет. Во координација со Република Кипар, работиме систематски за создавање услови кои ќе овозможат изнаоѓање праведно, одржливо, функционално и заемно прифатливо решение, соопштија од грчкото МНР по повод 49-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција истакнуваат дека решението на кипарското прашање треба да го земе предвид статусот на Кипар како земја членка на ЕУ, а ќе биде „решение за бизонална, бикомунална федерација“.


Истакнуваат дека во никој случај не може да се прифати сценариото за „две држави“.

-Речиси половина век подоцна, кипарското прашање сè уште останува меѓународно прашање на нелегална инвазија и окупација, што е кршење на основните принципи на Повелбата на Обединетите нации, како што веќе една и пол година се случува со руска инвазија на Украина, соопштија од грчкото МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK