Грчки танкер нападнат во Црвеното Море

25-tankeri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Танкерот Сунион под грчко знаме беше нападнат денеска додека патувал низ Црвеното Море, се сомнева дека нападот го извршиле јеменските бунтовници Хути, соопшти британската армија, пренесува агенцијата Асошиејтед прес (АП).


Напаѓачите пукале со пешадиско оружје од мали чамци.

Три ракети го погодиле танкерот, екипажот објавил дека нема жртви, се додава во соопштението.

Танкерот Сунион спаѓа во опсегот на танкери со средна големина, долг е 274 метри и широк 50 метри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK