Грчките медиуми утринава објавија дека на ножот со кој бил избоден навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, била пронајдена ДНК на уапсениот грчки хулиган.
Грчките медиуми наведуваат дека се работи за 35-годишниот Аристидис Делиос, кој веќе е однесен во затвор. Неговите адвокати категорично негираат дека тој бил вмешан во убиството на Кацурис.
Станува збор за хулиган кој беше уапсен пред неколку дена. Тој веќе одлежува 12 месеци затвор за неговата улога во крвавите немири на финалето на Купот на Грција во Волос во 2017 година.
Тој беше уапсен минатата недела на отслужување на таа казна.