– Одлуката на турските власти да не дадат дозвола за одржување Свечена литургија во историскиот манастир Пресвета Богородица Сумела, на 15 август, е крајно непријатен развој на настаните за сите верници и поклоници, кои очекуваа да го посетат оваа година, коментирале грчки дипломатски извори за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Реакцијата доаѓа откако од Вселенската Патријаршија соопштија дека оваа година не ја добиле потребната дозвола за литургија за празникот Успение на Богородица на 15 август.
Истите извори додале дека манастирот, кој е кандидат за прогласување на светско наследство на УНЕСКО „мора да добие максимална можна заштита и да биде целосно достапен за сите“.
Фото: Викимедија