Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури

policija grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Северна Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина.







Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Северна Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла  19 чаури, еден куршум и шаржер. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK