Пожар избувна во втората по големина нафтена рафинерија во Грција, а работниците беа евакуирани бидејќи црн чад се прошири на небото, соопштија властите и компанијата „Мотор Оил“. Локалните медиуми објавија снимка од големиот пламен во рафинеријата, која се наоѓа на околу 70 километри западно од Атина.
Претставник на грчката компанија „Мотор оил“ изјави дека во пожарот нема повредени.
Противпожарните екипи на лице место испратија три хеликоптери и 11 противпожарни возила, соопштија од противпожарната единица.
Се повикува населението да ја напушти областа.
Локалните власти го затворија автопатот во близина на рафинеријата, а железничката компанија соопшти дека возовите се запрени.
Денеска, 17 септември, од засега непознати причини избувна пожар од големи размери во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на Мотор Оил во Аги Теодори. Ситуацијата е под контрола.
Од пожарот полесно се повредени во горните екстремитети, тројца вработени во фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега.
Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент.