Денеска во сараевската населба Отока на отворениот пазар Квадрант избувна пожар кој беше изгаснат од осум противпожарни единици. Пожарот предизвика огромни штети. Изгореа речиси сите тезги, а пожарот оштети и блиска зграда.
Целосно изгоре првиот ред од улицата Алија Кучукалица, а од силината на ударот од неколку експлозии се искршиле стакла на околните згради.
Како што јавува Аваз, многу граѓани се собрале на пазарот и им помогнале на пожарникарите да го изгаснат пожарот. Поради огнената стихија, голем облак од црн чад се разви над главниот град на Босна и Херцеговина, а сирените одекнаа низ градот.