Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во 16 часот. Пред тоа ќе се сретнат на неколку точки во главниот град, од каде пеш ќе се упатат до Собранието на Србија. Во меѓувреме, студентите кои, како што велат, сакаат да учат, со денови кампуваат во пионерскиот парк. Протестот во Белград ги вклучи сите безбедносни аларми, студентите кои блокираат повикуваат на мирен протест, а владините претставници зборуваат за можни немири. Претседателот Вучиќ синоќа побара од учесниците да не носат деца на протестот во Белград.
Студентите од повеќе места во Србија кои со денови пешачеа за да дојдат на протестот во Белград синоќа стигнаа на својата дестинација. Тие беа пречекани од граѓаните на плоштадот Теразије.
Večeras su svi značajni svetski mediji obavestili svoju javnost da se u Beogradu održao najlepši skup u istoriji planete. Ceo svet zna za srpske studente i ceo svet u njih gleda kao u moderne Prometeje. Napokon Srbija sija na mapi sveta. pic.twitter.com/YL5vaWHTLz
— Goran Vukajlović (@sofi2022_2023) March 15, 2025
14.03.2025. Terazije, Beograd(poveći niz fotografija) pic.twitter.com/uBb8NO7O9T
— Igor Vujanović (@Infoverzum) March 15, 2025
— Igor Vujanović (@Infoverzum) March 15, 2025
„Во екот на собирот на сите локации во градот, вкупниот број на собрани од сите други делови на Србија и оние од Белград кои ги пречекаа, според проценките на полицијата, беше околу 31.000. Немаше поголеми инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир“, се вели меѓудругото во соопштението на српското министерство за внатрешни работи.
Студентите кои протестираат се огласија на својот Инстаграм профил и објавија распоред на важни настани за денеска:
16.00 часот – Почеток на митингот пред Народното собрание
17.00 часот – Читање на барања и студентски говори
18.00 часот – хор за блокада
19:00 – 15 минути молк за 15-те жртви од уривањето на настрешницата
20.00 часот – Најголемата врева во Србија
20.20 – Писма за поддршка на работниците
21.00 часот – Крај на средбата
21.20 часот – Чистење
View this post on Instagram
A post shared by Samoorganizovana grupa studenata – Blokada (@studenti_u_blokadi)
Студентите синоќа објавија и мапа на точките каде што ќе се сретнат со граѓани, од каде пеш ќе стигнат до Собранието на Србија, каде во 16 часот се одржува централниот протест.
Првиот собир започнува во 10 часот во Нов Белград, поточно во близина на Градската општина. Во 11:30 часот ќе има собир кај кружниот тек кај Автокоманда.
Следните две локации се Плоштадот на Републиката и Споменикот на Вук, а собирите на овие локации ќе започнат во 13 часот и ќе траат до 16 часот.
View this post on Instagram
A post shared by Samoorganizovana grupa studenata – Blokada (@studenti_u_blokadi)
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ги повика државните органи да направат се што е можно за денешниот протест во Белград да помине мирно.
– Од една страна имаме квазинелегален собир, од друга страна ги повикувам сите државни органи на Србија, вклучително и полицијата и безбедносните агенции, да помогнат собирот да биде целосно обезбеден и мирен. Организаторите на нелегалниот собир ќе ја сносат целата одговорност, но ние ќе се потрудиме да ги заштитиме учесниците на тој собир, како и сите други луѓе, вклучително и оние во Паркот на Пионерите, и сите други луѓе, но и сите други државни институции, од учесниците на тој собир – рече Вучиќ.
Вчера беа уапсени 6 лица кои беа снимени на состанок во новосадскиот одбор на Движењето Слободни граѓани додека планирале насилни акции на денешниот протест.