(Фото) Во Белград запленети 8,5 килограми кокаин вреден над еден милион евра

kokain2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српското Министерство за внатрешни работи пријавило дека во Белград биле уапсени двајца мажи М.П. (37) и М.Б. (55) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.


Полицијата го привела М.П. и М.Б. на територијата на Пожега во Србија при примопредавање на 100 грама кокаин, а при претрес на станови и простории користени од нив на повеќе локации во Белград, околу 8,5 килограми кокаин, околу 13.000 евра, 160.000 динари, како и неколку патнички моторни возила.

Од Вишото јавно обвинителство во Белград соопштуваат дека при претреси на повеќе локации во Белград е пронајден кокаин со улична вредност од над еден милион евра, како и поголеми количества маса за зголемување на количината на дрога, пишува Н1 Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK