(Фото) Камбанаријата на Паг се помести од земјотресот во Хрватска


Screenshot-2025-02-12-071752.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита.


Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата, а земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.

Според информациите на директорот на Националниот парк Пакленица, епицентарот на земјотресот бил лоциран високо над планинарскиот дом Пакленица, на надморска височина од 1.600 метри, објавија хрватските медиуми.

Камбанаријата на Паг се помести поради земјотресот. Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден. Утрово се очекува детален увид на камбанаријата, како и дополнителни безбедносни мерки. Ден претходно на Паг се случи земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK