Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

20230630210916_big_730x400_27
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.  Проектите се подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот.  Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, рече: „Со овој нов инвестициски пакет испраќаме гласна и јасна порака до нашите партнери од Западен Балкан: нивната иднина е во ЕУ и ние правиме постојан напредок за да го затвориме јазот во економскиот развој. Овие проекти подобро ќе го поврзат регионот одвнатре и со ЕУ, ќе помогнат во декарбонизацијата на нивните економии и ќе ја поддржат конкурентноста на приватниот сектор во регионот. Сега, ги повикувам нашите партнери од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да ги реализираат овие проекти што е можно поскоро за граѓаните и бизнисите во регионот да можат да ги искористат придобивките од овие инвестиции“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK