Евакуирани 114 лица од сплавот што потона во Белград, очевидци раскажуваат: „мостот почна да пука, луѓето паѓаа во водата“

Евакуирани-114-лица-од-сплавот-што-потона-во-Белград-очевидци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.


Чаушиќ рече дека 114 лица биле евакуирани од припадници на Одделот за вонредни состојби.

Чаушиќ не можеше да го каже точниот број на луѓе кои биле на сплавот во моментот на несреќата, наведувајќи дека точните проценки ќе се знаат во наредниот период.

Тој додаде дека синоќа околу 1 и пол било пријавено дека сплавот „Картел“ почнал да тоне на реката Сава и дека има неколку стотици луѓе во водата.

Со молскавична акција на сите, како што нагласи, почнала евакуацијата.

„Од страна на нашите припадници се евакуирани 114 лица. Најважно е што на овој настан нема повредени или загинати лица“, рече Чаушиќ.

View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

За Танјуг синоќа во итната помош рекле дека на сплавот имало голем број луѓе, претежно млади и малолетни лица во алкохолизирана состојба, кои се обидувале да се спасат скокајќи во водата.

Според дежурниот лекар, се започнало со дојава за тепачка на сплав. Тој изјави и дека околу 02:00 часот во Ургентниот центар биле пренесени 17-годишно момче и девојка. На токсиколошкиот оддел се лекувани десет лица во алкохолизирана состојба.

Еден од гостите кој случајно се нашол на сплавот во моментот на потонувањето раскажал како се одвивала целата драма. Според него, на се претходел инцидент меѓу гостите и обезбедувањето.

Тој за „Блиц“ изјави дека во еден момент обезбедувањето почнало да исфрла луѓе и дека поголема група од нив почнала да им се спротивставува, кога дошло до тепачката.

„Одеднаш, маса луѓе почна да се движи. Тие се симнуваа од сплавот, се туркаа, врескаа… Сите дојдоа до мостот што ги поврзува сплавот и брегот. Мостот почна да пука, а сплавот тонеш. , а сите што истрчаа од сплавот паднаа во водата“, вели овој сведок.

Фото: Танјуг

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK