Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Screenshot-2024-11-21-093836.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.


Настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот.

По трагедијата во Србија беше следеа протести на граѓаните кои бараа одговорност за катастрофата што се случи.

Нова.рс дознава дека меѓу уапсените се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма.

Меѓу уапсените е и поранешниот министер Горан Весиќ, пишува Мондо.

Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура. Тој поднесе оставка пет дена по трагедијата што се случи во Нови Сад во која загинаа 15 лица.

„Дадов оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија. Дадов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија која се случи во одделот што го раководам“, рече тој.

За делото е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од обвинителството во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK