Џачка од Бриндизи: Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект

dzacka_56756675
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка на првиот квадрилатерален состанок за важноста на Коридорот VIII што се организира во италијанскиот пристаништен град Бриндизи оценила дека соработката меѓу земјите е најдобар начин да се гарантира стабилноста и дека Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект

– Задоволство е да се работи заедно за да се унапреди оваа агенда. Односите меѓу Албанија и Италија се одлични, бидејќи се засноваат на длабокото пријателство меѓу нашиот народ. Поради безбедносните закани во Европа, соработката е најдобар начин за гарантирање на стабилноста. Одлично е да се види таквата посветеност на Коридорот 8 да стане реалност. Коридорот 8 е многу повеќе од едноставен инфраструктурен проект. Предвидено е како механизам за соработка и интеграција. Тоа ќе помогне Јадранското Море да се претвори во море кое не обединува и ја трансформира нашата економска ситуација. Охрабрени од посветеноста на Италија, Бугарија и Северна Македонија, одлучни сме да ја видиме оваа идеја до крај, за доброто на сите наши земји и народи, изјавила Џачка, јави Топ чанел.


На состанокот учествувале и потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и неговата бугарска колешка Марија Габриел.

– Изградбата на Коридорот 8 би овозможила успешни регионални врски, добрососедство, економски развој, брзо патување на луѓе, бизниси и стоки. Коридорот 8 се смета за проект од стратешко значење за ЕУ и НАТО, оцениле учесниците, наведува телевизијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK