Дваесет лица загинаа: 11-ти ден од гаснењето на пожарите во северна Грцијa

pozar grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем шумски пожар гори надвор од контрола во северна Грција веќе 11-ти ден и покрај заедничките напори на пожарникарите од Грција, регионот и Европската унија да го локализираат пожарот.

Во тој пожар досега загинаа 20 лица, што е најмногу од 2000 година, кога се води евиденција во ЕУ.


Откако изгореа големи површини околу градот Александрополис, пожарот сега гори длабоко во шумата во близина на границата со Турција, во тешко пристапна област.

Шест авиони и четири хеликоптери го гаснат пожарот заедно со 475 пожарникари на терен, соопштија од противпожарната служба.

На планината Парните кај Атина, уште еден шумски пожар го гаснат 260 пожарникари и еден хеликоптер.

Властите ги истражуваат причините за пожарот.

На состанокот со кој претседаваше премиерот Кирјакос Мицотакис беше одлученo на изгорените области со шуми  да се  обезбеди храна и вода за животните во тие области.

На грчките пожарникари им помагаат хеликоптери и пожарникари од Франција, Шпанија, Германија, Шведска, Хрватска, Кипар, Чешка, Романија, Бугарија, Албанија,

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK