Доктори во Словенија оперирале рак на пациент кој го нема, ги помешале резултатите од тестовите на две лице

Холанѓанец-40-години-живее-со-пресадено-срце-влезе-во-Гинисовата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На онколошкиот институт во Љубљана е опериран пациент на кој му бил изваден дел од желудникот поради дијагноза на рак на тој орган, но подоцна се испоставило дека е оперирана погрешна личност и дека човекот кој бил опериран нема рак.



Медицинскиот центар „Барсос“ во октомври извршил гастроскопски тестови на двајца пациенти, земајќи примероци за хистопатолошки преглед, кои ги испратиле до Институтот за патологија.

Меѓутоа, неколку месеци подоцна, на пациентот му се јавиле дека дошло до мешање и дека по грешка го оперирале. Наводно, грешката настанала затоа што надворешен дијагностичар ги сменил примероците од ткиво од двајцата пациенти, што резултирало со операција на погрешен пациент. Еден примерок покажал присуство на канцерогени клетки, додека другиот не.

„Пациентот на кој му беше дијагностициран рак е испратен на понатамошно лекување во Институтот за онкологија“, изјави за новинарите директорката на Барсос, Урша Мурн.

Пациентот бил подложен на преглед и други тестови на Институтот за онкологија, каде лекарски одбор го разгледал неговиот случај и советувал операција со оглед на хистолошките наоди. Другите тестови не дале никакви индикации дека нешто не е во ред со хистолошките резултати, објасни медицинскиот директор на институтот Ирена Облак.

Пациентот бил опериран на крајот на ноември и добро закрепнал. Но, по преглед на ткивото на желудникот отстрането при операција, патолошкиот оддел на Институтот за онкологија утврдил дека не е канцероген. Потоа го тестирал и оригиналниот примерок од ткиво, кој бил канцероген.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK