Девет повредени во сообраќајка во Ниш: Автобусот нагло закочил, патниците паднале

Двајца-ученици-на-12-и-13-години-приведени-поради-испраќање.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Девет патници се повредени утрово во сообраќајна несреќа на Булевар Немањица во Ниш, кога автобусот на градското сообраќајно претпријатие „Нишекспрес“ нагло закочил.

Несреќата се случила нешто по осум часот недалеку од трговскиот центар „Делта“ кога автобусот од засега непознати причини ненадејно застанал и патниците паднале.

Како што информираат од нишката Итна помош, интервенирале со две екипи поради големиот број повредени.

„Пренесовме две лица во Универзитетскиот клинички центар во Ниш поради контузии на главата и екстремитетите. Станува збор за полесни физички повреди, но тие се упатени на понатамошна дијагностика“, изјави Јадранка Трифунов, шеф на Итната помош во Ниш.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK