Дете на возраст од една и пол година, вчера околу 16 часот паднало од четврти кат во зграда во Нови Пазар и починало. РТС јавува дека детето починало при транспорт за Белград.
Детето кое паднало од четврти кат од зграда во Нови Пазар починало при транспорт во Белград, каде било однесено поради тешки повреди, јавува РТС.
По падот, детето се здобило со тешки повреди на основата на черепот и скршеница на екстремитет, а по првичното лекување во болницата во Нови Пазар е упатено на понатамошна нега во Белград.
На пат кон Белград, здравјето на детето се влошило, по што било реанимирано во болницата во Краљево, јавува РТС.
„Детето престана да дише околу Маглич, по што беше реанимирано два часа“, изјави за РТС директорот на Општата болница во Краљево, доктор Зоран Мрвиќ.
Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата, соопшти српската полиција.