Еди Здјелар (24) под Хрватска, кој во петокот загина со сопругата во сообраќајна несреќа, а пред тоа се снимаше во живо како вози 200 километри на час, во 2019 година предизвикал уште една тешка сообраќајка на Нова Градишка во која загинала и неговата тогашна бремена партнерка.
Порталот Нова Градишка радио тогаш објавил дека несреќата се случила на 18 март во градот Ковачевац. Во тоа време 18-годишниот Здјелар управувал комбе, над кое изгубил контрола и неконтролирано отишол на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Од силината на ударот возилото се превртело.
Освен Здјелар, во комбето била и неговата 18-годишна девојка, која тогаш била бремена. Наспроти вчерашните информации што ги објавија хрватските медиуми дека таа загинала за време на несреќата пред пет години, таа сепак починала девет месеци подоцна, а нејзиното дете преживеало.
Бабата на бремената девојка тогаш починала од шок откако го видела неподвижното тело на својата внука на патот.
„Нејзината куќа се наоѓа во близина на местото на несреќата и, кога слушнала што се случило, излегла на патот. Наводно ставила перница под главата на нејзината внука. Сето тоа толку многу ја шокирало што починала“, изјавиле мештаните за Радио Нова Градишка во тоа време.
Подоцна полицијата потврди дека возачот и девојката не носеле појаси, а комбето се превртело поради пребрзо возење.
Еди кој пред два дена во смрт ја однесе и сопругата, а преживеа нивното двегодишно дете кое било во автомобилот, упрвувал „бмв“ со голема брзина.
Неколку часа пред несреќата тој на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како со „бмв“ се движи 200 километри на час. На видеото може да се слуша гласна музика.
Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата бидејќи несреќата била пријавена во 15:00 часот, кога Еди со својот автомобил удрил во камион на автопат.
Под видеото во кое го објави своето дивеење на автопат, сега познати и непознати луѓе оставаат пораки со сочувство или осуда.
– Еди, брате мој, што направи, мил Боже.
– Кутрото дете, остана сирак, коментираат луѓето под видеото, пренесува „Јутарњи“.