– Најмалку 10 деца се полесно повредени во српскиот град Шабац при судир на автомобил и автобус кој превезувал деца од Нови Сад на екскурзија.
Десет деца со полесни повреди побарале лекарска помош додека со потешки повреди е водичот на екскурзијата. Според српски медиуми, приведен е возачот на автомобилот кој непрописно преминувал сообраќајна лента кога на него налетал автопбусот во кој биле децата.