Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот е поголем од вообичаеното

prodavnici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, додека организаторите на акцијата најавуваат нови, подолгорочни мерки.


Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиони евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милиони, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.

И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови, подолгорочни акции кои имаат за цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање на алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови, од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, додека во петок, 7 февруари и сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK