Дачиќ: Дрво му го попречи патот на српскиот премиер, истражуваме дали е намерно соборено

Screenshot-2025-01-27-072128.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дрво се нашло паднато на патеката на автомобилот во кој се наоѓал премиерот Милош Вучевиќ. Дачиќ додаде дека полицијата темелно ги истражува информациите дали дрвото било намерно соборено.


„Се испитува секој детал, полицијата работи на тоа, безбедноста на премиерот не беше загрозена, но тоа беше нешто што се совпадна со неговиот престој во тој дел од полициската управа во Сремска Митровица“, рече Дачиќ за време на гостувањето на српска телевизија, синоќа.

Претходно српските медиуми објавија дека непознато лице соборило дрво кое целосно го попречило патот на делегацијата предводена од српскиот премиер на враќање кон Белград. Инаку, Вучевиќ синоќа учествуваше на јавна расправа во селото Раденковиќ кај Сремска Митровица, пишува Телеграф.

Дачиќ истакна дека овој настан не изгледа нормално, но додаде дека веќе ништо не е нормално.

„Треба внимателно да го анализирате секој детал и да видите зошто, што се случува, од која причина…“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK