Црногорскиот премиер: Сакам да ги поправам запоставените односи со Хрватска

2-27.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на разговор со претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива Адријан Вуксановиќ во Собранието на Црна Гора изјави дека сака да ги подобри односите со Хрватска, кои, како што рече, биле запоставени.


Односите меѓу Црна Гора и Хрватска беа нарушени откако во јуни црногорскиот парламент усвои резолуција на предлог на Андрија Мандиќ за геноцидот во логорскиот систем Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен. Таа резолуција ја поддржаа и дел од претставниците на движењето „Европа Сад“ на Спајиќ.

Таа резолуција претставува политичка реакција на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше поддржана од владата на Црна Гора во Обединетите нации.

Хрватска потоа испрати протестна нота до официјална Подгорица, предупредувајќи дека усвојувањето на таа резолуција може да го забави нејзиниот пат кон ЕУ.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK