Чистка во Грција: поради „законот на Миконос“ баровите на плажа се затвораат, чадори и маси се собираат цела ноќ

Screenshot-2024-07-16-153452.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопствениците на ресторани на брегот во Неа Анхиалос вчера набрзина почнаа да собираат чадори, лежалки и маси од плажата за да не ги затворат трајно своите објекти поради примената на „законот на Миконос“ кој беше воведен среде летната сезона.


По пријавите, следеше контрола на државната агенција за земјиште, користеа дури и дронови, а вчера беа изречени високи казни, со ултиматум да се испразнат плажите за да не останат без работните дозволи.

Во текот на ноќта додека требаше да го завршат „демонтирањето“, сопствениците очајнички бараа камиони и магацини за да ја пренесат и зачуваат опремата која сега е вон употреба.

Последниот работен ден за голем број вработени во објектите кои мораа да стават катанец се сведе на собирање столови и маси од плажата, додека многу работници набрзина собираа опрема за да избегнат затворање на своите објекти.

Од вчера има голема гужва во областа Неа Анхиалос. Сопствениците на објектите собираа чадори и столови и отпуштаа персонал, пренесува Таксидромос.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK