ЦЕМИ: Излезноста на изборите во Црна Гора до 17 часот изнесува 42,2 отсто

izbori_crna_gora_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На вонредните парламентарни избори во Црна Гора излезноста до 17 часот изнесува 42,2 отсто од гласачите, соопшти Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Според податоците на невладината организација, во северниот дел на Црна Гора до 17 часот гласале 44,5 отсто, во централниот дел 44 отсто, а во јужниот 36,1 отсто.


Излезноста на парламентарните избори во 2020 година во истиот период беше 68,4 отсто, а во 2016 година 61,2 отсто.

Во првиот круг од претседателските избори во мај до 17 часот на гласање излегле 52,4 отсто од гласачите.

Раководителот на Правниот оддел на ЦЕМИ, Огњен Митровиќ, изјави дека до таа невладина организација до 17 часот биле доставени 61 пријава за неправилности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK