Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Брисел изјави дека е важно ЕУ што поскоро да се прошири на целиот Западен Балкан и оцени дека тоа само по себе ќе реши многу отворени прашања во регионот, укажувајќи на резултатите што Србија ги постигна во изминатите 11 години.
На состанокот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој го организираше тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, Брнабиќ рече дека смета дека не треба „да се натпреваруваме едни со други во Западен Балкан, во влезот во ЕУ“, туку дека тие треба да се залагаат еден за друг.
„Важно е ЕУ да се прошири на таков начин што ќе го прифати целиот Западен Балкан во ЕУ што е можно поскоро, а потоа очигледно и сите други партнери и пријатели кои претендираат да се приклучат на ЕУ“, изјави Брнабиќ за време на панелот Проширувањето на ЕУ: улогата на нормите и вредностите во пристапниот пат“.