Граѓанинот на Босна и Херцеговина, М.К.(46) е осуден на затворска казна од 20 дена затоа што утринава се заканувал дека ќе убие жена и работник во пекара во Будва.
Како што дознава „Вијести“, судијката на Судот за помали прекршоци во Будва, Магдалена Мијиќ, му изрече затворска казна која веднаш ќе биде извршена.
Како што е соопштено за „Вијести“, државјанин на БиХ утринава околу 3 часот и 30 минути бил во пекарата и побарал да биде послужен, по што незадоволен од услугата почнал да и се заканува и да ја навредува вработената. Во таа прилика ја пцуeл неколку пати.
„Јави се кај газдата, ќе викнам полиција, ќе ве запалам, сето ова ќе изгори, сакаш ли да ми ги отруеш децата затоа што бурекот е многу мрсен, дали сакаш да ме отруеш“, се заканил.
Еден час подоцна, околу 4 часот и 20 минути, државјанинот на БиХ се заканил и кон вработен, велејќи: „Сакаш да ме отруеш, ќе ве запалам сите, ќе ве убијам, тоа убиство во Цетиње ќе биде мала работа“, мислејќи на масакрот извршен од Ацо Мартиновиќ на 1 јануари.