Бора Чорба и Балашевиќ биле неразделни, но поради конфликт 40 години не зборувале

3-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот музичар Бора Чорба почина денеска на 72-годишна возраст. Прославениот српски рокер е познат не само по песните кои освојуваа генерации, туку и по остриот јазик и мислењето кое не се двоумеше да го искаже во ниту една ситуација.


Така, пред 40 години дошло до конфликт меѓу него и покојниот Ѓорѓе Балашевиќ, со кој некогаш тесно соработувал.

Тие ја започнаа својата конекција работејќи заедно во раните фази од нивните кариери. Конфликтот меѓу нив започна уште во седумдесетите години, кога Балашевиќ ја критикуваше песната „Кукла од насловна страница“ на групата „Рани мрраз“, во која членуваше Бора.

Поради несогласувања околу оваа песна, Бора ја напушти групата, ја прекина соработката со Балашевиќ и ја основа групата „Рибја чорба“.

Меѓутоа, конфликтот ескалирал и легендарните пејачи почнале јавно да се прозиваат меѓу себе.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK