Бојко Борисов: Ќе соработуваме со сите, освен со ултранационалистите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарската централно-десничарска партија ГЕРБ победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати, но ќе мора да бара коалициски партнер за формирање влада.



Според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија и врз основа на делумното пребројување на гласовите, ГЕРБ освоила 26,08 отсто од гласовите.

Реформистичката партија Продолжуваме да менуваме (ПП) е втора со 14,76 отсто, објавено е денеска на веб-страницата на комисијата по пребројани над 82 отсто од гласовите, додека ултранационалистичката партија Препород е трета со 13,8 отсто.

Изборите во неделата, седми во последните четири години, беа поттикнати од неуспешниот договор меѓу бугарските политички партии за формирање коалициска влада по неуспешните избори на 9 јуни.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов утринава им се заблагодари на гласачите за поддршката, велејќи дека неговата партија ќе формира нова влада. „Ќе соработуваме со сите освен со Препород“, рече тој.

Од 2020 година, владите во Бугарија беа краткотрајни. Бројните протести организирани против корупцијата придонесоа за крај на коалицијата предводена од партијата ГЕРБ.

На Бугарија и треба период на стабилна и добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ во нејзината лоша инфраструктура и да се охрабри да го прифати еврото.

Плановите за влез во еврозоната веќе двапати беа одложувани поради инфлацијата. Пристапувањето во моментов е закажано за 25 јануари 2025 година. Но, многу гласачи стравуваат од понатамошна неизвесност.

„Дури и да успеат да формираат влада, не и давам многу шанси за успешен и здрав живот во следните четири години“, изјави за Ројтерс 37-годишен жител на Софија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK