Боцан Харченко: Вучиќ ме информираше дека Западот стои зад немирите во Белград

Боцан-Харченко-Вучиќ-ме-информираше-дека-Западот-стои-зад-немирите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот амбасадор во Белград, Бочан Харченко, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека српскиот претседател го информирал дека Западот стои зад вчерашните немири во Белград.



„Опозицијата почна со протести, кои беа поддржани од надвор. Вучиќ зборуваше за тоа, не можам да зборувам за детали, бидејќи информациите се доверливи. Но, тој има непобитни докази дека поттикнувањето немири дошло од Запад“, изјавил Боцан Харченко по средбата со српскиот претседател, пренесува „Н1“.

Вучиќ претходно денеска на својот Инстаграм профил објави дека го информирал амбасадорот Боцан-Харченко за синоќешните немири во Белград и повторил дека ќе се направи се’ за да се зачуваме безбедноста на граѓаните и Србија.

„Разменивме мислења и за билатералните односи, ситуацијата во регионот и актуелните геополитички настани. На амбасадорот му ја пренесов желбата нашите два народа да ги дочекаат претстојните празници и Новата година во мир и благосостојба“, рече Вучиќ.

Претходно, српската премиерка, Ана Брнабиќ, рече дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK