– Поранешниот британски премиер Тони Блер синоќа со хеликоптер пристигнал во албанскиот град Химара. Причините за неговата посета на Албанија не се познати.
На снимката која циркулира на медиумите се гледа како поранешниот британски премиер сам излегува од хеликоптерот на стадионот во Химара. Не се исклучува можноста тој да допатувал на одмор, како што беше случај во 2006 и 2011 година.
Химара е еден од најубавите градови на албанското крајбрежје и се смета за бисер на брегот на Јонско Море.
Доцна попладнево, во Валона, каде има силни безбедносни мерки, пристигна италијанската премиерка Џорџа Мелони заедно со своето семејство. Таа е во приватна посета, но допатува по покана на премиерот Еди Рама за да мине неколкудневен одмор со сопругот и ќерката.