Белоруски активист до судиите во Србија: Не ме екстрадирајте, таму ме чека смрт

Screenshot-2024-08-27-144441.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Не ме екстрадирајте таму каде што ме чека смртта“, изјави белорускиот новинар и активист Андреј Гњот пред судскиот совет на Апелацискиот суд во Белград, кој треба да одлучува по жалбата на одлуката за негова екстрадиција во Белорусија поради наводно затајување данок.


По повод рочиштето, пред зградата на судот се одржа протест на солидарност, а поголема група европски режисери, актери и други уметници испратија отворено писмо до судот и министерката за правда, Маја Поповиќ, повикувајќи ги да ја запре екстрадицијата на белорускиот активист кој помина повеќе од седум месеци во затвор во Србија и сега е во домашен притвор.

„Ве молам поштедете ми го животот бидејќи е многу лесно“, рече Гњот на рочиштето, пренесе агенцијата ФоНет.

Тој рече дека е новинар, режисер, политички активист и политички затвореник кој дошол во Србија да сними реклама, а завршил во затвор каде поминал седум месеци и шест дена, а од јуни е во домашен притвор.

„Ве молам да го погледнете обвинението од здрав разум – ако должам 300.000 евра данок, тоа би значело дека сум заработил милиони. Да имам милиони, немаше да дојдам во Србија да заработам нешто“, изјави Гњот пред судскиот совет.

Јавното обвинителство остана на ставот дека жалбите на одбраната се неосновани и треба да се отфрлат.

Судскиот совет има рок од три месеци да одлучи по жалбата, но се очекува да донесе одлука во следните три до четири недели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK