Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција

turska-udes-2-830x553.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски Телеграф.


Како што изјавиле патниците кои биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде летале за Србија.

Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото.

Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција која го организирала летувањето во Турција.

Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката и била укажана лекарска помош на лице место.

Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник.

Туристите, наводно, скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали.

Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината.

„Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф.

Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK