Управата за цивилна заштита издаде претходно предупредување за опасни временски појави за Хрватска во текот на денот.
„Портокалово предупредување за дожд е издадено за регионите Риека и Госпиќ, пред се во северниот дел на Јадранот и Горски Котар“, соопштија од Дирекцијата.
На места, велат, можни се обилни врнежи од дожд и поплави.
Областа на Истра беше зафатена од невреме, а морето во Ровињ го поплави шеталиштето.
Хрватскиот авто клуб ги повика возачите да ја приспособат брзината на возилото на условите на патот, поради зголемениот сообраќај и лизгавиот коловоз.